Македонија

Велигденска изложба со хуманитарен карактер ги обедини креативноста и традицијата

Изложбата имаше и хуманитарен карактер, а стручна комисија ги награди најуспешно уредените штандови

Илјадници велигденски украсени јајца, разновидни рачни изработки и традиционални слатки специјалитети беа изложени денеска на Велигденската изложба поставена пред летната сцена во Делчево, каде граѓаните го одбележаа Велики четврток преку негување на христијанската традиција.

На десетина штандови, учесниците ја претставија својата креативност инспирирана од Велигден – празник кој ја симболизира победата на животот над смртта.

-Со свои изработки се претставија ученици, воспитувачи и членови на повеќе институции и здруженија, меѓу кои основните училишта „Ванчо Прке“ и „Св. Климент Охридски“, средното училиште „М.М.Брицо“, детската градинка „Весели цветови“, Општинската организација на Црвениот крст, фолклорната група „Копачка“, ЈЛБ „Илинден“ и здружението „Серафина“, информираа од Општина Делчево.

Изложбата имаше и хуманитарен карактер, а стручна комисија ги награди најуспешно уредените штандови.

-Првата награда во износ од 3.000 денари ја освоија учениците од прехранбената насока при СОУ „М.М.Брицо“. Втората награда, во висина од 2.000 денари, ѝ припадна на детската градинка „Весели цветови“, додека третата награда од 1.500 денари ја добија учениците од ООУ „Ванчо Прке“. Посебна пофалница за учество беше доделена на ЗФГ „Копачка“ за штанд со етномотиви и промоција на традицијата, додадоа од Општината.

Во рамки на настанот се одржа и културно-уметничка програма, во која настапи фолклорната група „Никола Јонков Вапцаров“.

Велигденската изложба произлегува од традицијата поврзана со Велики четврток, ден кога започнува Христовото страдање. Според обичајот, првото бојадисано јајце треба да биде црвено, симболизирајќи ја Христовата крв.

 

Фото: МИА

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top