Македонија

Велопулос контра „Преспа“: Договорите се прават за да се променат кога се национално штетни

Лидерот на партијата со 11 пратеници во грчкиот парламент најави мерки против Македонија кога ќе формирале влада

Кирјакос Велопулос, основач и лидер на партијата Грчко решение со 11 пратеници во Парламентот во Атина и со двајца европратеници, на државната телевизија ЕРТ го искритикува Преспанскиот договор, изразувајќи го своето противење на употребата на терминот „Македонија“ од северниот сосед.

„Договорите се прават за да се променат кога се национално штетни. Спогодбата на Ципрас е национално штетна“, изјави тој.

Поранешниот член на Нова демократија, од која излезе во 2016 година и го основа Грчко решение, истовремено најави дека, кога неговата партија ќе формира влада, ќе преземе мерки против Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top