Македонија

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

„Па ја погребаа партијата за малку. На издишување беше. Па ние сите во изминативе две години тешко работиме, консолидираме и они сега ќе кажуваат како треба. Кога ќе кажуваат? Кога ги вадиме најголемите скандали на власта. Па кој е наивен? А ако сакаат да се вклучат, сега ги имаме изборите во Брвеница. Ќе ги ставиме во распоредот, па нека помогнат, ако сакаат вистински да ѝ помогнат на партијата. Ако не, нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги изгазам како шлепер жаба, да ги потсетам нешто од нивното време“, рече Филипче.

Во обраќањето, Филипче нагласи дека својата работа во партијата ја извршува со истата посветеност и сериозност со која работел и како лекар и како министер за здравство.

„Имаат работа со Венко Филипче, којшто сè што работи, работи професионално, посветено, многу сериозно, како што го работиме овде, и најдобро што можам. Исто како што сум работел и на Клиниката за неврохирургија и во Министерството за здравство, така и тука, и да знаете дека ќе победиме. Ќе победи нашата политика, затоа што сме на исправната страна“, порача Филипче.

Во наплив на нервоза во неговите обраќања во одговор насочен директно кон своите довчерашни „другари“ и сопратијци кои децении беа „носечки кадар“ и врвни експоненти на партијата, тој со израз на лицето како очајник им испрати порака соодветна на ниво на речник  од маалска кооперација: „Тргнете ми се од патот  или ќе ве прегазам како шлешер жаба!“ – рече во лутина Венко од собраниската прес-говорница, нанесувајќи му со непристојниот речник голем срам и на  законодавен дом.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

(Видео): Избрана трасата за експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, камен-темелникот в година, рече премиерот

По јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

To top