Македонија

„Венко никогаш не бил градежник и Заев го знае од телевизија“: Стоилковски со сарказам за лидерот на СДСМ

Кој отвори уста од партија и кажува поинаку за “СДСМилановац” лаже, краде, на таван спие и вошки има

Во објава со наслов ,,РАСКАЖАНО СООПШТЕНИЕ ОД СДС-МИЛАНОВАЦ:”, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на ироничен начин раскажува како тој гледа на изјавата од Бихаќка од каде тврдат дека Филипче не е бизнисмен и нема Златна виза за Дубаи.

,,Венко никогаш не бил градежник. Само на Водно дигна 3 згради со Илир и со редовен здравствен тендераш. И само зграда во Козле со директорка на Фармакологија.
И..
Заев го знае од телевизија како пензионер. И од концерт во Дубаи. И од јахта во Грција. И од морски плодови заедно со д-р Коска од Аеродром, што го стави потпретседател.
И…
Златна виза за Дубаи не е злато, едуцирајте се. Само чини колку злато.
И…
Не ги поврзувајте овие работи со облакодери во Дубаи што се градат!
Само така изгледа.
И…
Кој отвори уста од партија и кажува поинаку за “СДСМилановац” лаже, краде спие на таван и има вошки.

*Текстот е саркастично видување на состојбите во СДСМ за кои е потребен и специјалистички надзор”, пишува Стоилковски откако предходно СДСМ објави свое соопштение во кое тврди дека Филипче не е бизнисмен и нема Златна виза за Дубаи.

“Сега да им објасниме на граѓаните, на оние кои можеби сè уште веруваат во овие измислени вести од кујната на ВМРО.

Визата е одобрение или службен документ што го издава владата на некоја држава и кој му овозможува на државјанин на друга држава влез, престој или транзит.

Обично станува збор за печат или налепница што се става во пасош. Впрочем, за деталите околу некоја виза секој граѓанин може да провери на веб-страницата на соодветната амбасада и со тоа да ја затвориме оваа бесмислена тема од кујната на ВМРО.

Д-р Венко Филипче работи како доктор и не се занимава со градење какви било згради, а особено не со зграда од 42 ката во Дубаи со Зоран Заев, кој веќе пет години е во политичка пензија. Да повториме за оние што сè уште не ја добиле таа информација, ако воопшто има такви.

Откако утврдивме дека „златната виза“ не е злато, туку хартија во пасош, сакаме да им порачаме на граѓаните на Македонија дека токму поради вакви работи не сакаме да одговараме на лажните вести и измислените глупости на ВМРО, бидејќи тие служат за дефокус од главните теми, како што е прашањето за „мигранти за пари“ и криминалните тендери.

Ние се занимаваме со разоткривање на криминално-коруптивните шеми на ВМРО и се обидуваме, заедно со граѓаните, да го запреме процесот на доведување „мигранти за пари“ во нашата Македонија.

Не заборавајте дека наскоро планираат избори, а сите знаеме што нè очекува потоа.
Изборот на граѓаните ќе биде лесен: Македонија во изолација или европска, демократска и просперитетна држава.

СДСМ има една цел – да ја врати власта во рацете на народот од канџите на бандата на ВМРО.

Нам не ни треба лидер како актуелниот од ВМРО, туку ни треба систем, како во сите земји на Европската Унија.

Ни треба подобра иднина за сите граѓани на Македонија и за нивните деца, тие деца утре да не бегаат од својата татковина, туку во својата земја да можат да создаваат семејства и да работат во нормално опкружување.

Борбата трае! Нема да застанеме.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Мицкоски упати честитка по повод 23 мај – Националниот ден на Власите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати официјална честитка по повод 23 мај – Меѓународниот ден на Власите, изразувајќи им искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови.

Муцунски: Мора да се спротивставиме на надворешните влијанија на Балканот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите два дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска.

To top