Македонија

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста. Фестивалската програма ќе се одвива во периодот од 10:00 до 18:00 часот, а покровители, домаќини, организатори и реализатори на проектот се Веро Центар и ХОА – Ангелчиња.

Првиот фестивалски ден, 3 октомври, ќе понуди повеќе гастрономски натпревари и ревијални содржини, меѓу кои подготовка на национално јадење во котле, декорација на десерт „Black Box“, подготовка на месо на скара, подготовка на баници и пити на лице место, презентација на национални кујни, како и ревијална изложба на ситни колачи и слатки пити. Посетителите ќе можат да го посетат и Гастро пазарот, а програмата ќе биде дополнета со музички и културни содржини.

Фестивалот има и хуманитарен карактер. Производите од ревијалниот изложбен дел, како и подготвените пити и баници, ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Св. Спас“, со што гастрономијата и дружењето ќе добијат и дополнителна општествена вредност.

На 4 октомври програмата продолжува со Гастро пазар, натпревар во декорација на мали торти меѓу ученици од основни училишта, натпревар во брзо јадење десерти, како и концерт на ученици од Музичкото училиште „Андријана Јаневска“.

„ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ има цел да овозможи размена на искуства меѓу учесниците, да го поттикне натпреварувачкиот дух и соработката во гастрономскиот сектор, но и да создаде простор за дружење на посетителите со домашните и меѓународните учесници и реномирани шефови и судии. Фестивалот е наменет за професионалци од угостителството и слаткарството, ученици, излагачи од гастрономскиот и туристичкиот сектор, како и за пошироката јавност.

Веро Центар и Хуманитарната организација „Ангелчиња” ги покануваат граѓаните на 3 и 4 октомври да бидат дел од „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ и во два фестивалски дена да уживаат во традиционални вкусови, кулинарски натпревари, гастро презентации, музика и хуманитарни активности.

 

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Проф. Митко Панов: Со политички „гест“, останките на Самоил не смеат да станат историски аргумент

Политичкото и црковното средиште на Самуиловата држава било во Охрид и Преспа, а таа се формирала и развивала независно од ликвидираната бугарска држава и црква во 971 година“, вели македонскиот историчар и византолог

To top