Македонија

Вест од Брисел, важна за Македонија: ЕУ изготвува построги правила за прием, за да не стане ниедна нова членка „втора Унгарија“, што ќе ѝ биде „трн во окото“!

„Црна Гора, фаворитот за членство во ЕУ, би можела да се приклучи под построги услови. Кога станува збор за прием на нови членки во ЕУ, Европската комисија (ЕК) има еден главен приоритет: да се осигури дека ниедна нова кандидатка за членство нема да стане ‘следна Унгарија’. За да се постигне тоа, планот е Црна Гора, која е близу до завршување на преговорите за членство, да се искористи како ‘опитно глувче’. ‘Се изготвува генерален пристапен договор, што ги одредува идните поодделни пристапни договори за новите кандидатки за членство во ЕУ.“ – рече претставникот на ЕУ. Ова го објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во својата статија со наслов „Планот на ЕУ да ги спречи новите членки да станат ‘втора Унгарија“.

Покрај другото, натаму „Политико“ наведува во статијата: Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави за „Политико“ дека разговарал како би изгледало тоа со ЕУ и земјите-членки, вклучително и за време на неодамнешната посета на Ирска, која ќе претседава со Советот на ЕУ во втората половина на оваа година. „Комисијата сака да стави ‘долгорочни заштитни мерки’ во договорот за пристапување на Црна Гора, за да се осигури дека евроблокот може да одговори, ако малата балканска земја отстапи од демократијата,  или од владеењето на правото.“ – изјави претставник на ЕК за „Политико“. Службеникот доби анонимност, за да зборува за чувствителните преговори, како и другите цитирани во овој текст.

„Ова ќе биде генералниот пристапен договор, што ги одредува идните поодделни пристапни договори.“ – рече претставникот на ЕУ. Црна Гора не е единствената земја, што се бори да се приклучи на ЕУ: Украина инсистира членството во ЕУ во 2027 година да биде вклучено во мировниот договор со Кремљ, а Исланд треба да одржи референдум за повторно започнување на преговорите за членство во ЕУ. Но, Милатовиќ рече дека „никој навистина не знае“ каков ќе биде текстот на крајот. „Подгорица чека Европската Комисија да даде повеќе информации.“ – додаде Милатовиќ. „Расправата во седиштето на Европската Комисија е за тоа кои се лекциите што ги научивме од проширувањето во 2004 година.“ – рече претставникот на Европската комисија, осврнувајќи се на времето кога Унгарија, Словачка и осум други земји се приклучија на блокот.

Унгарија се покажа како еден вид поука за ЕУ. Будимпешта под водство на Виктор Орбан беше трн во окото на евроблокот и минатиот месец ги блокираше 20-тиот круг санкции на ЕУ против Русија и спасувачката линија од 90 милијарди евра за Киев. Приоритет на Комисијата сега е да се осигури дека Црна Гора и другите нови членки нема да се претворат во „втора Унгарија“. Договорот за пристапување на Црна Гора – всушност правилата, според кои земјите ќе се приклучуваат кон ЕУ – ќе го изготви работна група организирана од кипарското претседателство на Советот, со учество од сите земји-членки на ЕУ. Портпаролот на кипарското претседателство одби да каже кога ќе биде формирана работната група. Но, претставник на Комисијата изјави дека тоа ќе биде во рок од „седмици“, а двајца европски дипломати потврдија дека се очекува овој месец.

Комесарот за проширување Марта Кос изјави дека Европската комисија „моментно е во последната фаза од подготовката на нацрт-договорот“, без да даде временска рамка. Единствената пречка е Франција, рече еден од дипломатите. Париз одбива да даде зелено светло за изготвување договор за пристапување и зазема крајно претпазлив пристап кон проширувањето на ЕУ пред претседателските избори во 2027 година, изјави за „Политико“ друг висок дипломат на ЕУ. „Сите се обидуваат да ја убедат Франција да се согласи со тоа“, рече трет дипломат.

Прашање за ветото

Малку е јасно во каква форма ќе бидат заштитните мерки на ЕУ. „Постојат некои идеи што кружат наоколу, но никој не истапи со вистински предлог“ – изјави европски дипломат вклучен во дискусиите. „Некои од раните предлози вклучуваат суспендирање на правото на вето, ако Црна Гора и другите нови членки ги прекршат основните вредности на ЕУ, особено владеењето на правото.“ – рече дипломатот. Друга тема на дискусија зад сцената е колку долго треба да останат на сила заштитните мерки. Единствената „црвена линија“ за Црна Гора се ограничувањата на нејзиното право на глас, изјави црногорски функционер. За Подгорица е во ред ако ЕУ ѝ наметне други заштитни мерки, но не би сакала да се откаже од својот глас на масата за донесување одлуки. Во Брисел во средата амбасадорите на ЕУ и Бјерн Зајберт, шефот на кабинетот на претседателката на Комисијата  Урсула фон дер Лаен, разговараа за проширувањето. Сепак, предлогот на Комисијата за забрзување на членството за земјите-кандидатки преку процес наречен „обратно проширување“ – доделување членство во ЕУ со ограничени привилегии и право на глас – беше принудно отфрлен, според тројца дипломати на ЕУ, објави денес „Политико“ во својата аналитичка статија од Брисел.

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

To top