Македонија

(ВИДЕО) Македонско девојче ги инспирира машките членови на Токиската опера

Македонскиот вирус се појавил во машкиот клуб на Токиската опера

Познатиот јапонски оперски пејач Казухиро Котецу, кој веќе со години е докажан вљубеник во македонскиот мелос, направи уште еден неверојатен чекор во промоцијата на нашата култура – тој успеа македонската песна да ја наметне во машкиот клуб на Токиската опера („Mens Club of Tokyo Opera“).

Изведбата на безвременската „Македонско девојче“, отпеана во моќен хорски аранжман од страна на елитните јапонски оперски пејачи, одекна во срцето на Јапонија и предизвика лавина од воодушевување на социјалните мрежи и кај македонската публика.

Маестро Казухиро Котецу, кој работи и како директор на Токиската опера, не е непознато име за Македонците. Неговата врска со македонската музика започна пред повеќе од една деценија кога во соработка со македонскиот оперски пејач Благој Нацевски кој живее и работи во Италија за првпат ја изведе „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“. Фасциниран од длабоката елегија, комплексниот ритам и силното чувство што ги носи македонскиот мелос, тој оттогаш во својот личен репертоар има вметнато низа бисери како „Ако одам во Битола“, „Земјо македонска“ и „Ако умрам ил’ загинам“.

Сепак, неговиот последен потфат отиде чекор понатаму. Како лидер и инспиратор, Котецу успеа да ја пренесе оваа своја пасија и врз колегите од „Mens Club of Tokyo Opera“. Да се убеди машки хор составен од врвни јапонски оперски професионалци да совлада специфичен балкански ритам и да запее на чист македонски јазик е уметнички триумф сам по себе.

Видеото од нивната заедничка изведба на „Македонско девојче“ брзо стана вирално.

Јапонските уметници, придружувани на пијано, со беспрекорна дикција и оперска моќ ја пренесоа емоцијата на песната што ја создаде легендарниот Јонче Христовски. Нивните гласови покажаа дека за вистинската уметност нема јазични бариери, а македонската песна доби сосема нова, грандиозна димензија.

Како што и самиот Котецу често истакнува во своите интервјуа за медиумите, зборовите и мелодиите на македонските песни го погодуваат длабоко во срцето. Преку овој уметнички чин во рамките на машкиот клуб на Токиската опера, тој уште еднаш докажа дека делува како најголем и најискрен културен амбасадор на Македонија во Азија, градејќи мостови меѓу две навидум далечни, но преку музиката блиски култури.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Христовски: Мала е опасноста од терористички активности во Македонија

„Мала е опасноста од од терористички активности во Република Македонија, каква што е подолго време наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување.“ – изјави денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, откако беше запрашан за состојбата во Македонија, поврзано со повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

„Рамковниот“ и „преспанскиот инженеринг“ на Уставот од 17 ноември 1991 со 36-те амандмани за 35 години целосно ја урнисаа македонската „уставна приказна“ (4)

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Во најголемиот број негови суштински елементи тој беше на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 од вкупно 189 национални устави во светот. Во изминатите 35 години до денес извршени се осум пати дури 36 амандмански  интервенции во уставот, од што двапати во преамбулата, во 2001 и 2019 година:  никаде во ниеден устав на ниедна држава во светот не се вршени упаѓања во преамбула со амандмани. Ова што се случувало со македонскиот устав од 1991 година. по барање на Грција во 1992 година, потоа „рамковниот инженеринг“ во 2001 година и бришењето на националниот, асномски карактер на Македонија како држава, па „преспанскиот инженеринг“ и бришењето дури и името Македонија на државата со амандмани во преамбула, сето тоа доволно јасно говори каков е сегашниот устав. Тој е сега идентитетски обезличен, со избришана државотворност на македонскиот народ и на неговите врски со матичната држава, за која војувал, со присилно „ампутирани“ врски и со Македонците во соседните држави како тамошни малцинства.

АНБ: Криминални структури подготвувале атентат во соседна земја

Станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаат подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, атентат врз претходно дефинирано лице, во Грција

To top