
На булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 3 биле забележани малолетници како на електричен тротинет се движат по средната сообраќајна лента, тркајќи се со автобус. Снимката, која ја објави „Скопје1“, покажува дека двајца млади без заштитна опрема и без почитување на законските прописи си прават забава од ризичната постапка.
Иако на целиот булевар постои велосипедска патека, тие сепак избрале да се движат по коловозот, доведувајќи се во директна опасност и создавајќи ризик за сообраќајот.
Граѓаните реагираат дека ваквите девијантни однесувања стануваат сѐ почести и бараат институциите да преземат мерки и соодветно да санкционираат.