Македонија

За 16 септември најавен голем протестен собир на Плоштадот Македонија во Скопје

„Кој е следен?“ го одржа првиот протестен собир во Скопје на 18 март, а протестни маршеви се изведуваа во текот на цел март. На 16 мај, со герила акција пред Јавното обвинителство во Скопје го одбележаа вториот месец од несреќата. Пред седиштето на Обвинителството поставија транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, а во вид на човечка силуета беше оставен простор за поминување.

Неформалната граѓанско движење „Кој е следен?“ со повик преку социјалните мрежи за 16 септември најави протестен собир на Плоштадот Македонија во Скопје. Со собирот закажан за 20.16ч, се одбележуваат 6 месеци од една од најголемите несреќи во земјава, пожарот на 16 март во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани со 62 жртви, од кои 6 деца и над 200 повредени, од кои многумина уште се лекуваат.

  • „Не беше несреќа, не беше трагедија, беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вторник, 16 септември, 20:16 минути, младите повикаа на тивок собир и ѕвездено небо. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да нѐ разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме мени пред неправдата, да преземеме одговорност, секој на свој начин“, се вели во најавата за собирот на социјалните мрежи.

„Кој е следен?“ го одржа првиот протестен собир во Скопје на 18 март, а протестни маршеви се изведуваа во текот на цел март. На 16 мај, со герила акција пред Јавното обвинителство во Скопје го одбележаа вториот месец од несреќата. Пред седиштето на Обвинителството поставија транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, а во вид на човечка силуета беше оставен простор за поминување.

Исто така, организираа и поддршка со присуство во Кочани за поддршка на „Маршот на ангелите“ со кој секоја сабота родителите, роднините и граѓани бараат правда и одговорност за несреќата.

По тримесечна истрага, Обвинителството на 13 јуни поднесе обвинение за Тешки дела против општата сигурност против 34 физички и три правни лица. На 5 септември, Обвинителството му поднесе обвинителен акт и на реалниот газда на Друштвото за обезбедување на имот и лица „Рубикон секјурити солушн“, затоа што лично тој раководел со работењето на импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани и тој дал инструкции да се внесат пиротехнички средства, да се пуштаат малолетници по полноќ, да се работи без поднесен план за обезбедување настан со голем број лица и за други незаконски дејства кои му биле нему како сопственик на објектот, дозволени од власта и од полицијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top