Македонија Регион

(Видео): Патот кон ЕУ блокиран поради злоупотреба на ветото од земја членка на Унијата

Поради процесот на балканизација, односно билатеризација на процесот на проширување сме блокирани, односно е злоупотребено ветото на земја членка на ЕУ, изјави вчера во своето гостување во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска. Таа смета дека е неопходно да се размислува во рамкте на носењето на одлуки во процесот на […]

Поради процесот на балканизација, односно билатеризација на процесот на проширување сме блокирани, односно е злоупотребено ветото на земја членка на ЕУ, изјави вчера во своето гостување во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска. Таа смета дека е неопходно да се размислува во рамкте на носењето на одлуки во процесот на проширување со квалификувано мнозинство, а со цел деблокирање на процесите на проширување.

  • Повеќе од неопходно е да се размислува за реформи во рамкте на носењето на одлуки во процесот на проширување, се споменува тоа квалификувано мнозинство со цел да се одблокираат процесите кои што не се поврзани со самиот процес на проширување, вели Петрушевска.

На патот кон ЕУ блокирани сме поради злоупотреба на ветото од земја членка на Унијата, вели пратеничката.

  • Наметнувањето на билатералните прашања во поцесот на проширување е единствен случај со Македонија. И Хрватска имаше спор, но и беше дозволено да го започне процесот на преговори и процесот со сосдедот да го решава паралелно, се до нејзиното приклучување. Ние за жал поради процесот на балканизација, односно билатеризација на процесот на проширување сме блокирани, односно е злоупотребено ветото на земја членка на ЕУ, изјави Петрушевска во гостувањето во „Наткаст“.

Во продолжение погледнете го целото гостување на пратеничката Петрушевска:

Најнови вести од: Македонија Регион

Рекордна заплена на марихуана во Србија: Еден од уапсените е ко-сопственик на фирма за производство на канабис во Македонија

Според обвинителството, организирана криминална група во периодот од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година набавила огромна количина марихуана во Македонија, која потоа била нелегално транспортирана преку границата и пласирана на српскиот пазар.

Од денеска стартува „Безбеден град“ во Скопје, Куманово и Тетово

Од денеска (1 февруари 2026) на територија на Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10, официјално стартува имплементацијата на системот за автоматско санкционирање на сообраќајни прекршоци – „Безбеден град“.

To top