Македонија

(ВИДЕО) Русокоса газдарица дели боксови во кал – Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка

Во битката за субвенции и крави летаат боксови и пцовки

Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка откако денеска русокосата газдарица на стотици крави почна да дели боксови во кал.

Инцидентот се случил во селото Добровница каде кравите, кои со години шетаат слободно низ поширокото подрачје на Крива Паланка, изеле огромна количина зелка на приватни земјоделци кој живеат од нејзина продажба.

Откако кравите биле затворени од оштетените земјоделци и биле повикани инспектори на Агенцијата за храна и ветерина во селото дошла газдарицата со цел да го земе добитокот.

 

Во инцидентот се гледа како газдарицата му удира бокс на земјоделецот кој останал без зелка.

 

,,Ѓорѓиевска Јулијана мис во акција на писта.

Бараме одговорност од AXВ

MВР да постапи согласно законот

Кравите сопственост на АХВ, направиле пустош на имот на земјоделци во с.Добровница-Крива Паланка. Уништиле 25.000 кг зелка. Совесни зејоделци ја собрале стоката во штала, по што ги известиле надлежните од АХВ. Во меѓувремено пристигнале поранешните сопственици и насилно се обиделе да го ослободат добитокот. Кравите прават пустошат низ Паланечките села и градот повеќе години”, пишува  во објавата на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Музички настапи ја одбележаа првата вечер од 17-то „Карпошово културно лето“

Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија […]

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

To top