Македонија

(Видео): Се влошува состојбата со пожарот во „Јасен“

Теренот во „Јасен“ е исклучително тежок за движење. На снимките што ги сподели ДЗС се гледа страотната глетка со опожарените и зачадени падини во „Јасен“ на прилично голема површина.

Состојбата со пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ попладнево почнала да се влошува, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Причина за тоа е силниот ветер што почнал да дува во попладневните часови.

  • „Јачината на ветрот постепено се зголемуваше и ни предизвика голема непријатност затоа што пожарот се движеше со исклучително голема брзина горејќи ги боровите стебла, создавајќи висока температура и многу густ и црн чад што удираше на гребенот. Нашата цел беше да го одбраниме гребенот и да не му дозволиме на овој пожар да прескокне преку гребенот од страната на селото Брезница, односно од скопска страна. Во тоа успеавме по неколку жестоки битки бидејќи огнот на неколку моменти префрли од другата страна, но благодарение на храброста на вработените во ‘Јасен’, лично овде е и директорот, еден од раководителите, со поддршка од екипа пожарникари од Македонски Брод, успеавме да го запреме по самиот гребен, ги изгаснавме местата на кои огнот префрли од другата страна и ја стабилизиравме ситуацијата“, рече Ангелов.

Но, Ангелов додаде дека огнот и натаму се движи и создава многу чад што им предизвикува проблеми со дишењето на луѓето што се таму на терен.

– „На помош ни пристигнуваат пожарникари од Скопје, Велес и Куманово што ќе ги распоредиме на оваа линија. Истовремено поддршка добиваме од вработените од Општината Сопиште кои цело време вршат дотур на вода, покрај другите активности. Тука се и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР“, вели Ангелов.

Тој нагласи дека теренот во „Јасен“ е исклучително тежок за движење. На снимките што ги сподели ДЗС се гледа страотната глетка со опожарените и зачадени падини во „Јасен“ на прилично голема површина. Се гледа и како силниот ветер придонесува за ширење на огнот со многу голема брзина.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top