Македонија

(Видео): Сериозни инвестиции во образовната инфраструктура, најави премиерот

Убави вести за еден од најзначајните сектори во Македонија, образованието. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во образовната инфраструктура се инвестираат околу две милијарди денари, кои вклучуваат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали и студентски домови. Одговарајќи на прашање од новинар во Битола во врска со напорите на Владата за подобрување на инфраструктурата во образованието, […]

Убави вести за еден од најзначајните сектори во Македонија, образованието. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во образовната инфраструктура се инвестираат околу две милијарди денари, кои вклучуваат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали и студентски домови. Одговарајќи на прашање од новинар во Битола во врска со напорите на Владата за подобрување на инфраструктурата во образованието, Мицкоски ги презентираше деталите.

„Што се однесува до Министерството за образование имаме инвестиции околу две милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски дома, дел од стратешкиот договор со Обединетото Кралство е изградба на нов медицински факултет во рамки на новиот Клинички центар во Штип, студентски дом со 200 легла.” рече премиерот.

Тој додаде дека очекува оваа година да продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК, при универзитетот свети „Кирил и Методиј“, како и почеток на изградбата на Комплексот на универзитетот „Мајка Тереза“.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

To top