Македонија

Викедов што помина над 1.000 казнети, приведени 42 возачи, одземени 12 возила

За само два дена биле издадени вкупно 1.198 платни налози, а најголем дел од казните, дури 465, се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина

Во акциите на сообраќајната полиција, во изминатите два дена викенд, биле лишени од слобода 42 лица поради безобѕирно управување со возило.

Од нив, осум возеле под дејство на алкохол, 20 управувале без возачка дозвола, а едно лице седнало зад волан и покрај претходно изречена забрана.

Полицијата одзела и 13 возила согласно Кривичниот законик.

Покрај тоа, евидентирани се 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за возење под дејство на алкохол.

Уште 112 учесници во сообраќајот биле санкционирани затоа што не користеле сигурносен појас. Од сообраќај биле отстранети и 20 нерегистрирани возила, како и четири поради техничка неисправност.

Од полицијата најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се зголеми безбедноста на патиштата.

Најнови вести од: Македонија

Петре Шилегов најави бунт во СДСМ: Поголема група социјалдемократи ќе бара оставка од раководството на СДСМ

Поранешниот функционер на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во емисијата „Тема на денот“ на Сител остро го критикуваше актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека СДСМ „кадровски се испразнил“ и дека е во длабока криза.

Трамп се спрема за поморска војна – Франција, Јапонија и другите одбиваат да му се придружат

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повика на формирање на меѓународна поморска коалиција за обезбедување на слободен проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот пролаз низ кој поминува околу една петтина од светската нафта и значителен дел од течниот природен гас.

To top