Македонија

Денеска нови цени на горивата

Воениот конфликт меѓу Иран и САД и Израел придонесе за скок на цената на нафтата на светските берзи, поради што минатата недела имаше значителен раст на цените на нафтените деривати во земјава

Регулаторната комисија за енергетика днеска ќе одлучува за цената на нафтените деривати.

Воениот конфликт меѓу Иран и САД и Израел придонесе за скок на цената на нафтата на светските берзи. Поради тоа, минатата недела имаше значителен раст на цените на нафтените деривати во земјава.

Цената на бензините се зголеми за 5 денари, а на дизелот на 14,50 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за 12,50 ден/лит, додека на мазутот за 7,044 ден/кг.

Доо денешната одлука на РКЕ, ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
Масло за горење Мазут М-1 НС – 82,50 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 42,586 (денари/килограм)

И покрај минатонеделното поскапување на горивата, цените на нафтените деривати во Македонија остануваат најниски споредбено со оние во регионот.

По одржаните состаноци минатата недела, од Владата информираа дека снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, а нафтените компании располагаат со залихи.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top