Македонија

Владата се спрема за кризна состојба поради скапото гориво – Ќе има мерки за да не поскапи струјата

Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Експрес. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари.

Кризата со нафтата на Блискиот Исток си го направи своето. Цените се вивнати на секаде, но не беше поштедена ниту Македонија. Затоа, државата реагира на време. Кризна состојба ќе се прогласи од страна на Владата, поради значителниот раст на цените на горивата, дознава „Експрес“ од владини извори. Според информациите, вонредна владина седница е закажана за денеска, на која ќе се разгледуваат мерки за спречување на нов ценовен шок, кој се очекува да биде објавен од Регулаторната комисија утре.

Првичните проценки укажуваат дека цената на дизелот би можела да се зголеми за околу 10 денари по литар, додека безоловниот бензин за дополнителни 6 денари по литар. Проценките се правени врз основа на цените на светските берзи.

Како дел од мерките, Владата ќе разгледува интервенции во даночната политика со цел да се ублажи притисокот врз граѓаните, а на маса ќе биде ставено и прашањето за евентуално спречување на поскапување на електричната енергија. По завршување на седницата, се очекува обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, на кое ќе бидат соопштени донесените одлуки.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top