Македонија

Владините веб-страници навремено заштитени од ранливостите во PHP

Министерството за дигитална трансформација информира дека нема индикации за компромитирање

freepik.com

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени со преземање превентивни и технички мерки, по објавувањето на информациите за критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, кои предизвикаа привремено исклучување на бројни владини веб-страници низ Европа и светот.

Во рамките на превентивните активности, привремено бил блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи, со цел да се спречи евентуално искористување на ранливостите. Потоа биле спроведени проверки на софтверските верзии, применети соодветни безбедносни закрпи и ажурирања, како и проверени функционалноста и безбедноста на веб-сервисите.

Преземените мерки биле насочени кон намалување на ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и потенцијално компромитирање на веб-серверите.

Според досегашните проверки, не се утврдени индикации за успешно искористување на наведените ранливости или за компромитирање на веб-страниците на Владата и министерствата.

Министерството за дигитална трансформација, преку Секторот за сајбер-безбедност и владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти (МКД-ГОВ-ЦСИРТ), продолжува со засилено и континуирано следење на сајбер-заканите, анализа на безбедносните настани и лог-записите, како и проверка на потенцијалните индикатори за компромитирање.

Заштитата на владината дигитална инфраструктура останува приоритет на Министерството. Преку навремено откривање и отстранување на ранливостите и примена на соодветни безбедносни ажурирања, Министерството продолжува да ја зајакнува безбедноста на системите и да обезбедува сигурно и стабилно функционирање на електронските услуги за граѓаните и компаниите.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

To top