Македонија

ВЛЕН: Докажавме дека политиката може да носи резултати

Коалицијата ја слави 24-месечнината од учеството во владата

Коалицијата ВЛЕН одбележа 24 месеци од влегувањето во владата, истакнувајќи дека во тој период успеала да реализира повеќе проекти и реформи што долго време останувале само на ниво на ветувања.

Во соопштение по повод двегодишнината, од ВЛЕН (ВРЕДИ) посочуваат дека презеле голема одговорност да ја вратат довербата на граѓаните во политиката преку конкретни одлуки, реализација на проекти и видливи резултати во секојдневниот живот.

Според нив, во овие 24 месеци биле спроведени стратешки закони, инвестиции во општините со албанско население, како и проекти во областа на економијата, образованието, здравството, земјоделството и локалниот развој. Посебен акцент е ставен на инфраструктурните проекти кои, според оценката на ВЛЕН, значително ја менуваат состојбата на теренот.

Од коалицијата истакнуваат дека важен дел од нивната работа било унапредувањето на застапеноста и влијанието на Албанците во државните институции, како и поголемо учество во процесот на одлучување на централно и локално ниво.

„Билансот на овие две години покажува дека промената не се гради на реторика, туку на работа, одговорност и конкретни резултати“, се наведува во соопштението. Од ВЛЕН порачуваат дека ќе продолжат по истиот пат – со поголема ефикасност, одговорност и фокус кон подобрување на животот на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција

To top