Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: „Црвените линии“ на Филипче се подарок од СДС за Бугарија

Тоа што за Филипче е добро, за граѓаните и за Македонија значи само едно – ново предавство

 

Филипче сега зборува за некакви црвени линии кон Бугарија, но тој како и неговиот другар Заев се веќе прочитани, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

Оттасму додаваат дека лагите, триковите се карактеристика за раководството на СДС, поточно на актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот струмички гуру Зоран Заев.

„Повеќе од очигледно е дека црвените линии на Филипче се само еден подарок од СДС за Бугарија, или уште едно попуштање кон Бугарија. Или, уште една бонбона бизнис од СДС за Бугарија.

Се сеќаваме на кажувањата на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов дека финансиски ја помогнал СДС и тоа директно, поточно преку куферче пари за менторот на Филипче, Заев.

Прашањето сега е, ако Заев земал куферче од Борисов, сега какво куферче земал Филипче“ .

Во соопштението се додава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи распродавање на ништо што е од Македонија, или тоа што за Филипче е добро, за граѓаните и за Македонија значи само едно, ново предавство.

За црвените линии на Филипче кои значат само уште еден бонбона бизнис од СДС за официјална Софија, сега има пречка, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top