Македонија

ВМРО-ДПМНЕ доби 32 градоначалници во првиот круг

Следуваат ВРЕДИ со пет, НАИ четири и СДСМ тројца,

 

По обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите на 3 472 од вкупно 3 474 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во 32 општини, избрани уште во првиот круг.

Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, бидејќи во неа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има точно 50 отсто освоени гласови, што е на границата потребни гласови за победа во првиот круг.

Од останатите учесници во трката за градоначалник, обработените податоци покажуваат дека во првиот круг Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) победил во три општини, коалицијата ВЛЕН во две повеќе, односно во пет, а коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, во 4 општини.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во следните општини:

Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип, додека Старо Нагоричане е граничен случај бидејќи, како што веќе наведовме погоре, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top