Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИ

Партијата останува отворена за предлози од опозицијата

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение остро ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека намерно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, оценувајќи дека главната причина е нивниот пад на рејтингот и стравот од изборен пораз.

Од партијата потсетуваат дека Изборниот законик е дел од Реформската агенда и дека неговата подготовка со месеци се одвивала во работна група, каде што, како што велат, бил граден широк политички консензус.

„Наместо да придонесат за донесување на законот, опозициските партии избрале да го блокираат процесот“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Левица одбила да го поддржи договорот, СДСМ поднела околу 10.000 амандмани со образложение дека електронското гласање на дијаспората е недемократско, додека ДУИ барала сите одлуки во Државната изборна комисија да се носат со консензус, а не со мнозинство како досега.

Од владејачката партија оценуваат дека заедничкиот именител кај трите опозициски партии е стравот од изборен неуспех, поради што уште сега создаваат алиби за евентуален изборен дебакл.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја потврди својата подготвеност да го прифати секој разумен предлог од опозицијата, доколку во него биде вклучено решение кое ќе го олесни остварувањето на избирачкото право на македонската дијаспора.

„Ваквото однесување на опозицијата покажува дека партиските интереси се ставени пред интересите на иселениците и пред реформските процеси“, се заклучува во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

На 6 декември 2026 Ана и Игор Дурловски на најголем заеднички концерт досега во Македонија: Два светски гласа – еден ЗАВЕТ!

Ќе биде организиран најголемиот заеднички концерт досега во Македонија на двата најголеми оперски гласа кои оваа земја му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Ана и Игор Дурловски ќе ја претстават својата најамбициозна заедничка концертна продукција – ЗАВЕТ. Двајцата истакнати македонски оперски уметници, со меѓународни кариери и настапи на престижни светски сцени, ќе ја поведат публиката на несекојдневно музичко патување – од ремек-делата на класичната и оперската музика, преку незаборавните филмски теми и современите светски хитови, до богатството на македонското музичко наследство.

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети! – Тој треба да се повлече од политиката!

„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе.“ – нагласува коалицијата Вреди во денешното соопштение.

Бојковска: Ќе има затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем

Неодговорно и лицемерно однесувањето на опозициската СДС и нивниот претседател, изминатите денови, со кое однесување ширеа страв, хистерија и паника кај граѓаните во услови кога Народната Банка и Владата се обидуваат да најдат најбрзо решение за преземање на Алта банка

Искра Хаџи Василева: Приоритет е борбата против корупцијата и организираниот криминал

Пред Советот на јавните обвинители рече дека првенствено ќе се залага за се ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

To top