Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е симбол на нашата непокорност

Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за слободна Македонија. Тоа е ден кога се преклопуваат идеалите на сите генерации кои сонуваа за држава своја, слободна и праведна, се вели во честитката упатена од ВМРО-ДПМНЕ по повод денешното одбележување на двата Илиндена.

„Илинден е и Крушевската Републикa, замислена како дом на сите луѓе, без разлика на вера и народност. Илинден е и АСНОМ, темелот на современата македонска држава, каде што повторно се повтори истиот идеал: Слободна Македонија, за македонскиот народ и за сите нејзини граѓани.

Денес, на нас е да ја чуваме слободата, да ја унапредуваме демократијата, да ја развиваме државата. И тоа во услови кога има многу предизвици, негаторски политики и разлилни пропаганди.

Илинден е и ден на обединување.Тоа е ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината.

Нашата мисија е јасна, Македонија мора да победи. Да ја вратиме правдата, да го зачуваме идентитетот, да ја изградиме државата која ќе биде дом на достоинството и просперитетот. Илинден е најголемата вистина која живее, епопејата на народот за слобода и своја држава“, се вели во честитката

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top