Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази ги спасува криминалците од СДСМ и ДУИ

Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ

 

Влијанието на Заев, Филипче и Ахмети во правосудството е големо, особено кај поединци како Абази, и тоа најјасно може да се види од случаите како овој со мазутот и криминалот од 167 милиони, кога наместо правдата да се истера до крај и предметот да влезе во судска постапка, тој се затвора, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Обвинителството кое го води комшијата на Ахмети, пред само една година побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа што сметаше дека осомничените може да се дадат во бегство или да влијаат врз сведоци во постапката.

И сега наеднаш, после година дена обвинителите од истото обвинителство под команда на Абази, одлучуваат дека немало основ и докази да продолжи постапката за овој случај, иако цела јавност виде дека станува збор за тежок криминал, перење пари и сомнежи за загадување на животната средина.

Ваквата контрадикторност од страна на обвинителството кое го води Абази, кадар на ДУИ поставен во време на СДС, не може да биде базирана на правни или обвинителски аргументи, туку само на лукративно и политички основи“, се вели во соопштението од владејачката партија.

Оттаму, о повикуват Башким Бесими од Советот на јавни обвинители, кој меѓу другото е роднина на поранешниот министер за финансии од редовите на ДУИ, Фатмир Бесими, да каже зошто Советот на јавни обвинители треба да седи на страна, кога е евидентно дека имало влијание од страна на Ислам Абази во така наречениот случај „Мазут“.

Исто така и обвинителката Катерина Коларевиќ да каже како утврдила дека нема никаква штета во случајот тежок 167 милиони евра, кога целата јавност виде и слушна за финансиска и еколошка штета, кога и самото ЕСМ поднесе жалба до повисоките судски инстанци.

„И на крај, кадарот на Ахмети, Заев и Филипче, Ислам Абази да одговори, до кога планира да испочарува за ова криминално трио и наместо спроведувач на правдата, да биде џелат на правдата.

Македонското правосудство мора да се ослободи од ликови како Ислам Абази, за на нивно место дојдат професионалци со морален кредибилитет и интелектуален капацитет, за кои спроведувањето на правда е на прво место.

Ислам Абази треба да си поднесе оставка, за повеќе да нема контроверзни одлуки кои ги ослободуваат од кривична одговорност криминалците од СДС и ДУИ и да почне да се враќа довербата во судството која сега е минорни проценти“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top