Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Ленче да не глуми жртва

Ристоска не е никаква жртва, туку рицидив на системот кој голташе жртви и правеше прогон

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица Јанева.

Таа се дискредитираше себе си што беше дел од обвинителството формирано за политички прогон и изнуда кое беше маша во рацете на СДС и Зоран Заев.

Што повеќе да се каже од ова.

Интересно е како Ленче Ристоска сама се пронаоѓа во изјавите.

Затоа Ристоска наместо да се извини, прави дефокус и глуми жртва. Таа не е никаква жртва, туку рицидив на системот кој голташе жртви и правеше прогон“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

To top