Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поданичката политика на СДСМ ја доведе Македонија во понижувачка позиција

Политиката на „Бојко љубави, те поздрави Зоки“ заврши со неуспех и со бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на Европскиот Парламент

Работите кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните кругови во бугарската политика поради апсурдноста и понизноста на Заев и Филипче во нивното политичко дејствување денес станаа реалност.

Сервилноста на Пендаровски, Заев и Филипче ја доведе државата до историски пораз, каде наместо негување на вековната традиција и заштита на државните интереси станавме предмет на негирање и понижување од страна на Бугарија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Политиката на „Бојко љубави, те поздрави Зоки“ заврши со неуспех и со  бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на Европскиот Парламент.

Последиците од политиките на виткање кичма денес се јасно видливи а штетите кои ги нанесе СДС се катастрофални.

Државата ќе беше уште подлабоко заглавена доколку ВМРО-ДПМНЕ не заземеше цврст став и не се спротиставеше на овие погубни политики“ велат од владејачката партија.

„Фактот дека македонскиот јазик и идентитет се избришани од европски документи, е доказ дека Бугарија никогаш не била искрено заинтересирана за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав. Напротив, тоа беше само изговор за негирање на целото македонско постоење.

ВМРО-ДПМНЕ испраќа јасна порака дека Македонија нема да направи ниту еден чекор понатаму без целосна почит од Бугарија и цврсти гаранции од европските институции.

Бугарија ги злоупотребува европските механизми, и го киднапира целиот процес на европска интеграција“ се вели уште во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ..

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top