Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

„Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања, кои не биле по нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок на важност до 3 март 2026 година, што би значело дека илјадници предмети, кои се во процедура, би биле прекинати по сила на законот во фазата во која се затечени“ – изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски.

Со овој предлог, како што нагласи тој, се продолжува рокот за дополнителни пет години, односно наместо 15, законот ќе важи вкупно 20 години – до 3 март 2031 година. Се овозможува правна сигурност за општините како надлежни органи да може легално да ги завршат сите веќе почнати постапки – рече Стојановски.

Оваа измена, објасни тој, не предвидува нови барања, туку е исклучиво во служба на оние граѓани што веќе поднеле документација и со години чекаат на својот имотен лист.

Сакам да потенцирам дека оваа иницијатива доаѓа како директен одговор на барањето на Управниот одбор на ЗЕЛС и општините што секојдневно се соочуваат со реалните проблеми на терен. Исто така, важно да се напомене е дека ова законско решение не предизвикува никакви дополнителни финансиски импликации врз буџетот на државата и ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во „Службен весник“ за да нема правен вакуум – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

Најнови вести

To top