Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Предноста на Орце во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна од противкандидатот и неговата матна коалиција

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го прогласи првиот круг од локалните избори за апсолутна победа со освојување на триесет и три општини и обезбедување мнозинство во советите во поголемиот дел од општините низ земјата. Партијата влегува во вториот круг со значителна предност во дваесет и една од дваесет и седум општини каде што ќе се одлучува за градоначалници.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го прогласи првиот круг од локалните избори за апсолутна победа со освојување на триесет и три општини и обезбедување мнозинство во советите во поголемиот дел од општините низ земјата. Партијата влегува во вториот круг со значителна предност во дваесет и една од дваесет и седум општини каде што ќе се одлучува за градоначалници.

Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 000 гласа е недостижна од противкандидатот на матната и непринципиелна коалиција која ги интересира, исклучиво, власт по секоја цена. Голема е предноста и на Дејан Митески во општина Аеродром, каде во однос на противкандидатот од СДС во првиот оствари разлика од околу девет илјади и петстотини гласа, како и на Сотир Лукровски во Карпош кој во втор круг влегува со позитива од околу илјада и петстотини гласа. Битката во втор круг продолжува и во општина Шуто Оризари, каде што влегуваме обединети со голема мобилизација за пресврт на резултатот и за победа на ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ нема мала или голема општина, нема рурална или урбана општина, секоја општина е важна и ВМРО-ДПМНЕ се бори за секој еден граѓанин. Од друга страна, за функционални локални самоуправи кои ќе реализираат проекти и ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, важни се општинските совети. И тоа е предусловот кој е исполнет во првиот круг од изборите, каде што во скопските општини ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и мнозинство, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Аеродром ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство со петнаесет советници, бројот на освоени советници во Карпош е единаесет, во Шуто Оризари четири, а во Советот на Град Скопје освои осумнаесет советници. Ова се бројки на советници во советите на овие скопски општини кои ќе донесат одлуки за големи проекти, важни за граѓаните. Токму затоа, за да се заокружи оваа победничка слика која значи развој на општините, потребна е масовна поддршка од граѓаните за кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Во недела на втор ноември, што е можно помасовно, да се излезе на гласачките места и со пенкало во рака, зад параваните, да заокружиме број девет за Орце, Сотир, Дејан и Ерџан и да ја испишеме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ. Победа која ќе значи визија, напредок, развој и многу работа и проекти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Јавните претпријатија со милионски загуби, како да се надмине проблемот?!

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, на првите три места со најголеми загуби во земјава лани биле три скопски јавни претпријатија: „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и „Комунална хигиена“. Само скопски „Водовод“ имал загуба од 4,2 милиони евра, „Улици и патишта“ од 2,6, а „Комунална хигиена“ од 1,2 милиони евра.

Милошоски: Нема мигранти, туку „партиски мигранти“ – бегалци од СДСМ, кој манипулира со темава, за да ги прикрие внатрешните проблеми!

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 дека не постои никаков документ, барање, или тема, наметната од Велика Британија во врска со мигранти и оти би било целосно одбиено такво барање, ако постои. „Јавноста може да биде спокојна. Ниту постои барање, ниту ќе се прифати било какво барање за мигранти. Темата е политичка манипулација на СДСМ, за да ја покрие внатрешната слабост и празнина: нема кадар, нема идеи, нема луѓе за расправи.“ – нагласи Милошоски.

Скопје треба да добие нов саем и жичница од болницата во Козле до Средно Водно

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија.

To top