Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го спасува и го држи на функција Коцевски

СДС го спасува и го држи на функција Љупчо Коцевски

 

Лажната загриженост на СДС на прес-конференциите е инструмент за дефокус и блед обид за напад на ВМРО-ДПМНЕ, додека во позадина стои заштита на Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерието на СДС пукна како меур од сапуница, не помина ниту месец дена глумата на СДС дека се критичари на Коцевски.

СДС со негласањето на интерпелацијата на отвoрена сцена пред очите на целокупната јавност го спаси Коцевски, бидејќи без него, функционерите на СДС и ДУИ се првите на удар на правдата.

Коцевски ја поткопува улогата на обвинителството и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем.Љупчо Коцевски, сноси директна одговорност за непостапувањето по сериозни наводи за криминал поврзан со функционери од СДС и ДУИ.

Наместо да ја гарантира правдата и да ги штити интересите на граѓаните, Коцевски овозможува системска заштита на политички моќници.“, се вели во партиското соопштение.

„Коцевски наместо да работи на владеење на правото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството кое што е помало од 2 проценти.

Граѓаните ја гледаат меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ, наместо празни флоскули и наративи на неиздржани прес-конференции и злоупотреба на трагедијата во Кочани, време е СДС да се залага за владеење на правото и правдата. А не да бара спас од одговорност за своите функционери.

Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од функцијата. Правдата и владеењето на правото во Македонија мора да профункционираат“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top