Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ критикува за воздухот, а трошеa 1.6 милиони евра годишно за лубриканти, наместо за почист воздух

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за лицемерие во врска со аерозагадувањето, потсетувајќи дека за време на нивното владеење ветувале „ајро ајро“ и почист воздух на митинзи, додека нивниот министер протестирал против загадувањето наместо да преземе конкретни мерки.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за лицемерие во врска со аерозагадувањето, потсетувајќи дека за време на нивното владеење ветувале „ајро ајро“ и почист воздух на митинзи, додека нивниот министер протестирал против загадувањето наместо да преземе конкретни мерки. Партијата реагира на обвинувањата од СДСМ дека актуелната власт троши на милионски тендери без да презема акции против загадувањето.

„Во време на СДС, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1.6 милиони евра за лубриканти. За 7 години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа во Хром да никнат 100 згради и Расадник исто така 100 згради во 2020 година“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку СДСМ навистина сакала, можела да преземе мерки, додава партијата.

„Да ги напоменеме нашите чекори кои како централна власт за 1,5 година ги преземаме, заедно со локалната: стратегија за почист воздух 2024-2030, субвенции за инвертер клими, прочистувачи на воздух низ градинките во Скопје, масовно пошумување на државата, гасификација на државата, Град Скопје воведе мерки и препораки до граѓаните за заштита од загадениот воздух, изградба на 2 когенеративни централи на влезовите во Скопје, паркови со клупи во кои има вградени прочистувачи на воздухот. Ова се само дел од чекорите кои ги имаме преземено, во делот справување со загадениот воздух“ – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се гледа и во рејтингот на Реално Индекс, се додава во соопштението.

„Затоа наместо соопштенија напишани од ВИ, нека седнат и нека научат сами да пишуваат и нека сфатат дека долго време ќе бидат опозиција со овој пристап“ – потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ на 21 декември 2025 година побара итно прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во Скопје. Советничката група на СДСМ поднесе иницијатива за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје, со цел да се утврдат заклучоци и итни мерки. Партијата најави дека на седницата ќе предложи конкретни мерки: бесплатен јавен превоз во деновите кога воздухот е загаден, барање пари од Владата за бесплатни филтри на оџаците на големите загадувачи, пренамена на пари за прочистувачи за граѓаните и за еколошко греење, забрана за дрва и јаглен во подрачја со достапно централно греење, расчистување на дивите депонии, миење на улиците и пари за еколошки проекти.

Најнови вести од: Македонија

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

Филипче: Се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро го критикуваше актуелниот пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ кон минималната плата и животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека за време на владеењето на СДСМ постоел континуиран и системски раст на платите, додека сегашната влада го прекинала тој процес и го замрзнала растот на 400 евра.

Мицкоски: „Безбеден град“ не е за пари, туку за спасување животи – толеранција од 15 % над дозволената брзина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

Професори и правници: Изедначувањето на цигарите и алтернативните производи во нацрт-законот е чекор назад

Македонија, како традиционална земја на производство на тутун, треба да ги следи добрите глобални практики и да креира политики што ќе ја стимулираат диференцијацијата на производите врз основа на научни докази, а не да ги третира сите исто.

To top