Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој ќе биде фатен во корупција или криминал ќе одговара

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнеж дека го прекршиле Законот, оти тој е ист за сите

Секој кој ќе биде фатен во корупција и криминал, а притоа ќе има докази за тоа, мора да одговара, а ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнеж дека го прекршиле Законот, оти тој е ист за сите, се вели во соопштението испратено од владејачката партија.

Оттаму велат дека не смее да се дозволи општеството да биде мрачно како во минатото и оти надлежните институции треба да постапат по случајот ( со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството н.з) и оти треба да се истражи до крај.

„Секој којшто ќе биде фатен во корупција или криминал, а притоа ќе има докази за истиот, мора да одговара. Не смееме да дозволиме општеството да ни биде мрачно како порано кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, Рашковски и слични на ним, за кои има основани сомнение или пресуди за сторен криминал, шетаат слободно по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, на четворица од петтемина осомничени за давање и примање поткуп, меѓу кои и на актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството, Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерка притвор од 30 дена.

Во описот за случајот, оттаму велат дека првоосомничениот, како управител на правно лице, од февруари годинава до вчера, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветувал подарок – парични средства на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ.

 

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top