Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 20 години не направи ништо за Вардариште

ВМРО-ДПМНЕ остро ја критикуваше кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова,

ВМРО-ДПМНЕ остро ја критикуваше кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, обвинувајќи ја за празни ветувања во врска со еколошките проблеми, особено за депонијата Вардариште.

СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух. Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух, а имаа можност и не направија ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека Шукова, како поранешна министерка и долгогодишен државен секретар во Министерството за животна средина, „20 години не направи ништо за Вардариште и сега повторно го користи како тема во кампањата“. Според партијата, за време на владеењето на СДСМ биле укинати чуварските служби на Вардариште и Дрисла, што ја влошило состојбата.

Шукова да не ја потценува интелигенцијата на народот. Граѓаните знаат дека резултатите се нула, а токму во време на СДС беа тргнати чуварските служби од Вардариште и Дрисла, со што дополнително се влоши ситуацијата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата нагласува дека граѓаните на Скопје заслужуваат конкретни проекти и резултати, а не популизам.

ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски нудат вистински решенија, проекти и посветеност за поздрава животна средина, порачаа од партијата

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top