Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали

Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели

Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали. Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики. Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели, што е надвор од сите морални основи и некрофилство од невидени размери. До каде ќе оди умноболието на СДС? – прашуваат од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top