Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата со капитални проекти за модернизиран енергетскиот сектор

Над 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија се доказ дека Македонија станува сигурна и атрактивна дестинација за домашни и странски инвестиции

epa04140463 Crimean technical specialist examines 'Perovo solar' power station near the town of Rodnikovoye, outside of Crimea capital Simferopol, 25 March 2014. Austrian 'Activ Solar GmbH' developed and built one of the world's largest solar photovoltaic plants in Rodnikovoye, the 100 MW Perovo Solar Power Station in 2011. On 24 March the Peninsula began suffering massive blackouts. According to media reports, there was two-thirds of Crimea without light. The government of Russia is considering the possibility of connecting Crimea to the United energy system of Russia via the Strait of Kerch, and the creation of its own generation as well. The matter concerns the construction of two thermal power stations and network development of solar power plants. EPA/SERGEI ILNITSKY

За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, со кој за првпат се поставува јасен правец за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и исполнување на европските стандарди. Довербата во овие политики ја потврдува и големиот интерес на инвеститорите. Над 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија се доказ дека Македонија станува сигурна и атрактивна дестинација за домашни и странски инвестиции. Тоа значи повеќе домашно производство на електрична енергија и поголема енергетска независност, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во исто време, Владата реализира капитални проекти кои го модернизираат енергетскиот сектор. Државниот батериски систем за складирање енергија, дигитализацијата на постапките за изградба на ветерни електрани, финансиската поддршка за производителите на обновлива енергија и новите законски решенија создаваат современ и конкурентен енергетски пазар. Посебно внимание се посветува и на енергетската ефикасност. Со реконструкција на јавните објекти, формирање Фонд за енергетска ефикасност, обезбедување нови финансиски средства од меѓународните партнери и воведување обврска за поставување соларни панели на јавните објекти, се создаваат услови за помала потрошувачка на енергија, пониски трошоци и почиста животна средина, стои во соопштението.

„Финансиската поддршка што Македонија ја добива од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Светската банка и другите меѓународни партнери е дополнителна потврда дека реформите што ги спроведува Владата се препознаени како кредибилни и усогласени со европските политики. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со истото темпо на работа, затоа што силната енергетика е предуслов за силна економија, нови инвестиции, повисок животен стандард и посигурна иднина за сите граѓани.

Резултатите се видливи, а со реформите што се реализираат денес се поставуваат темелите на енергетски независна, економски посилна и европски ориентирана Македонија“, велат од партијата.

Најнови вести од: Македонија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во прво одделение да добијат пригодно подарок-пакетче по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата се темели на заедничката определба на двете компании и нивните партнери да придонесуваат за добросостојбата на заедницата и да им дадат поддршка на семејствата во овој важен период од животот на секое дете.

Китановиќ се извини и го избришал постот но одбива да ,,клекне пред политички линч“

Изјавата ја завршува со цитат од Библијата: „Затоа пеколот се раширил и без мерка ја отворил устата своја: таму ќе слезе нивната слава и нивното богатство, вревата нивна и сè што ги весели.“

(Фото): Сензорна соба со специјализирана опрема отворена во Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош

Подобрени услови за поддршка на учениците се обезбедени во ООУ „Петар Поп Арсов“, каде што денеска беше отворена нова сензорна соба. Просторот е наменет за учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка и е опремен со различни реквизити и дидактички помагала.

To top