Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

 

Оттука, може да се заклучи дека молкот на Филипче значи дека тој повеќе се грижи да не ги наруши личните односи со Софија, отколку да ги брани националните позиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче никогаш нема да го видите да застане на страната на Македонија, тој се позиционира таму каде што има корист, а во случајов на страната на Бугарија.

Него не го засега Македонија, ни македонските граѓани, тој има свој зацртан пат да слугува на Бугарија, оти мисли дека ќе добие нешто за возврат.

Така ја кодошеше и државата, така вели дека ќе потпише уставни измени со што Бугарите би биле внесени во македонскиот Устав, без гаранции, оти за него ништо не значи тоа.

За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе“ се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Тоа што на чело на некогашната голема СДС стои човек кој веднаш би направил ново национално предавство, а луѓето кои ги има поставено околу себе се спремни да го поддржат во тоа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи доследно да ги брани македонските национални интереси, достоинството и позициите на Македонија, затоа што тоа е наша обврска кон граѓаните и државата, велат од владејалката партија во денешното соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Филипче е кај менторот Заев во Грција на одмор и оттаму преку пајташите во Македонија шират хистерија и страв кај граѓаните околу водата за пиење!

„Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор Зоран Заев на одмор, а во Скопје преку активистите шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните.“ – објави преку фејсбук портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

To top