Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев управува со СДСМ, а Филипче е нем послушник

Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Зоран Заев

Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата.

Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.

А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.

Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес, велат од владејачката партија.

„За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.

Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top