Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Жално што не знае по која традиција се води македонската црква

Наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, вчера го честиташе Богојавление со „Бог се роди“, што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ

 

 

 

Од владејачката партија велат дека вчера не реагирале на тоа што лидерот на СДС Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, го честиташе со поздравот „Бог се роди“… што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ.

Немаше потреба безидејното СДС да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ. И дека цела јавност не видела дека Венко не згрешил и дека тоа е последица на грегоријанскиот календар кој е неколку дена пред јулијанскиот календар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и просторот.

За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да СДС е српска колонистичка партија и експозитура на српската политика.

Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ..

Најнови вести од: Македонија

Прогонувањето на македонските деца на 30 март 1948 – етничко чистење и насилно бришење на македонскиот елемент од Егејска Македонија

На 30 март 1948 година, во најжестокиот период од Грчката граѓанска војна (1946-1949 година), започна една од најголемите трагедии во современата македонска историја – масовната евакуација и протерувањето илјадници македонски деца од егејскиот дел на Македонија. Приказната за откорнувањето на македонските деца бегалци од нивните родни огништа и краишта е приказна и за македонската голгота кон правдата и иднината, која им беше одземена. Тоа беше приказна црнопис за украденото детство на илјадниците македонски деца, за мајките што никогаш не ги прегрнаа своите синови и ќерки, но и за сиот македонски народ од тој дел на етничка Македонија, кој плати неизмерна цена во обидот да се избори за својата слобода и македонски идентитет.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

To top