Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за говорот на омраза на Тричковски

Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДСМ

Веќе неколку дена СДСМ и лидерот Венко Филипче вмолчат за Бранко Тричковски.Тие, коишто за се и сешто експресно се јавуваат со реакција, ги нема збор да кажат за повиците на омраза и ликвидација на човекот кој важи за нивен гласноговорник.

„Нивниот молк не може поинаку да се толкува„, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тричковски повикан во полиција на информативен разговор по контроверзен коментар на социјалните медиуми

„Со тоа што Филипче не се оградува и не се дистанцира од говорот на омраза и морбидниот повик за ликвидација од Тричковски за претседателот Христијан Мицкоски, се става на негова страна.

Венко Филипче може барем да истапи од партиската матрица и да покаже конструктивен пристап, со тоа што барем, ќе се извинеше за таквиот морбиден говор кој не може да се смета ниту за слобода на говор, ниту пак за некаква метафора.

Но, наместо тоа, Филипче избра да остане во црнилото и менталната матрица на СДС, па да продолжи да јава на бранот на омразата која ја создава неговата партија преку нејзините бројни перјаници, како Бранко Тричковски“ се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека ова е дел од смисленото сценарио и црната кампања која ја водат уште од првиот ден на почетокот на изборната кампања.

„На социјалните мрежи, Тричковски отворено повикува на убиство и парчосување на претседателот Мицкоски, за што добива публицитет од структури блиски до СДС и со тоа креираат паралелен наратив на партискиот.

И да сакаме да мислиме дека изливот на Тричковски е инцидентен случај, не можеме, зошто СДС и Филипче со нивниот молк, ни даваат право да сметаме дека тие се мотиватори на говорот на омраза.

Со неосудување на Бранко Тричковски, Венко Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС.

Оваа изборна кампања ја извади на виделина целата безидејност на СДС и Филипче, кои немаат никаква програма, проекти или визија за подобро утре на граѓаните, па затоа нивните апологети шират говор на омраза и јавно повикуваат на убиства.

Но, народот тоа го гледа и за една недела од сега, на изборите во недела, ќе им стигне вистинската и жестока казна, се вели во соопштението

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонските државјани кои се во Мексико итно да ја напуштат државата поради немирите

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

To top