Македонија

Тричковски повикан во полиција на информативен разговор по контроверзен коментар на социјалните медиуми

Коментари на Фејсбук

Новинарот Бранко Тричковски вечерва беше повикан на информативен разговор во Полициската станица Лисиче поради коментар објавен на неговиот профил на Фејсбук, за кој полицијата соопшти дека има добиено пријави и реакции од јавноста. Како што самиот Тричковски објави на Фејсбук, околу 13 часот двајца полициски службеници дошле на неговата адреса и му врачиле покана да се јави „веднаш“ кај надлежни инспектори.

Според неговиот пост, полицијата го известила дека интересот е поврзан со содржина од еден од неговите коментари на Фејсбук, кој предизвикал „бурни реакции“ на интернет. Тој го наведе и точниот дел од коментарот што ги вознемирил корисниците:

(Фотографијата е преземена од ФБ профилот и постот е јавно достапен)

„Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“

„Христијан е општо име за манипуланти кои шират атмосфера на страв и несигурност…“

Тричковски во својот јавен статус објасни дека очекувал такви реакции и дека коментарот бил намерна „јадица“ насочена кон партиски структури.

Во објавениот текст се потсетува на претходни провокативни и вознемирувачки објави на Тричковски на социјалните мрежи — меѓу кои и постови од 2019 и 2020 година со навреди или симболички повици на насилство упатени кон јавни личности — поради кои во минатото имало реакции и пријави до надлежните органи. Според достапните информации, против него во некои наврати биле покренати постапки, но до денес нема евидентирана правосилна пресуда за говор на омраза или закани.

Полицијата констатира дека повикот за информативен разговор е резултат на пријави од граѓани поради содржината објавена на социјалните мрежи и дека презема дејствија за утврдување на сите околности. Од надлежните институции засега нема дополнителни официјални информации објавени за конкретните правни квалификации кои би биле применети по завршување на разговорот и документите.

Во меѓувреме, јавната расправа за границите меѓу слободата на говорот, провокацијата во политичката реторика и кривично-правната одговорност повторно е отворена и предизвикува реакции кај дел од јавноста и медиумските здруженија, објави Плус инфо.

Најнови вести од: Македонија

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани Дејан Јованов (Деко) ќе излезе наскоро од притвор

На 3 октомври првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани, Дејан Јованов (Деко) ќе излезе од притвор, потврдил Кривичниот суд за ТВ Телма. Според Законот за кривичната постапка тој може да лежи во притвор максимум една година од оценката на обвинението

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top