Македонија

Внимавајте на исправноста на водата и храната во поплавените подрачја

АХВ преку медиумите советува да се следат информациите за временските услови, состојбата на реките во државата, водоснабдувањето и исправноста на водата.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес упати повик до граѓаните во пределите зафатени од надојдена вода да внимаваат на сигурноста на прехранбените производи, водата за пиење, како и на здравјето и благосостојбата на добитокот.

АХВ преку медиумите советува да се следат информациите за временските услови, состојбата на реките во државата, водоснабдувањето и исправноста на водата.

“Доколку во регионите каде веќе има излевање на реките и поплавување на домовите и земјоделските површини и водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, ако има видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна.”

Постојано да се одржува хигиената на рацете, посебно по допир со надојдената вода или со предметите кои биле поплавени, после чистењето и пред приготвување на храна.

“Да се внимава и се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води”, се вели во известувањето.

Агенцијата предлага во куќите кои се поплавени, храната која била изложена на надојдената вода, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или визби, да не се користи за консумирање, односно да се отстрани.

Јадењето да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови.

Овошјето и зеленчукот кое вообичаено се консумира свежо, дополнително да се измие, да се излупи, повторно да се измие и термички да се обработи.

Во случај во поплавените домови да има мали деца, се советува тие да се хранат со индустриски подготвена храна.

“Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени и во случај на поплавување да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните.”

Примарна обврска е тие на добитокот да му обезбедат соодветна исхрана, вода и прибежиште на сигурна локација.

“Доколку во краток рок е потребно да се напушти местото на живеење, а не е можно да се понесат животните со себе, животните треба да се префрлат на безбедно место.”

“Ако се во штала и се држат врзани, животните треба да се одврзат и доколку постои можност, да се дислоцираат на повисоко место каде ризикот од поплавување е помал”, информира АХВ и додава дека на безбедно, суво место, треба да се префрли и храната за добитокот, а потребно е за нив да се обезбеди и свежа вода.

Сопствениците на добиток треба да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за добивање насоки, упатства, а по потреба и за пружање на ветеринарна медицинска грижа за животните.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top