Македонија

Во Македонија има повеќе жени од мажи

За првпат по Пописот во 1948 година се забележува поголемо учество на жените во однос на мажите, т.е. бројот на мажи на 100 жени изнесува 98.4 мажи на 100 жени

Според Пописот на населението, домаќинствата и становите од 2021, во Македонија живеат 1.836.713 жители, a oд нив, 50.4 oтсто се жени, а 49.6 отсто се мажи.

Има региони во државата каде бројот на жени и мажи е речиси изедначен, а во Скопскиот регион, разликата е поголема во полза на жените.

Во светски рамки, на земјите им е важна балансираната полова структура на населението за да се одржува наталитетот, но и да се задоволат потребите за работна сила во многу индустрии.

Демографот Дончо Герасимовски за Фактор вели дека состојбата која ја покажа пописот е поволна за земјата од повеќе аспекти.

„Соодносот меѓу мажите и жените е речиси 50-50, што ги задоволува различните аспекти за функционирањето на државата. Припадници од женски пол треба да има во администрацијата и со бројките тој критериум можеме да го задоволиме. Но, не е само администрацијата, и за во другите сектори, бројките за полова застапеност одговараат. Во светот има и држави каде има по 10, 15 па и 20 отсто отстапувања во половата структура на населението“, вели Герасимовски.

ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top