Македонија

Во Охрид се случува операција за гаснење пожар на глисер

Брза интервенција на Езерската полиција и противпожарната бригада Охрид

Во Охрид во моментов (12.10 часот ) се случува операција за гаснење пожар на глисер кој се запалил од засега непознати причини.

 

Пожарот се случува во глисер укотвен во водите на езерото во делот меѓу плажите Лагадин и Елешец.

Глисерот се наоѓа на околу 30 метри од брегот а според очевидци пожарот избувнал без никаква видлива експлозија или инцидент.

 

Според првичните неофицијални информации нема повредени лица

 

Во интервенција за гаснење на пожарот учествуваат припадници на Тееиторијалната противпожарна единица од Охрид и луѓе од Езерска полиција.

Настанот во охридската и езерската полиција е пријавен околу 11.30 што веднаш била започната акцијата за гаснење на пожарот на глисерот.

Фото: Архива

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top