Македонија

Во штипските основни училишта свечено примени првачињата

Во пет основни училишта

Во петте штипски основни училишта традиционално пред стартот на новата учебната 2025-2026 година беа свечено примени првачињата. Со рецитал и пригодна манифестација денеска беа пречекани првачињата. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов присуствуваше на свечениот прием на првачињата во Општинско основно училиште (ООУ) „Славејко Арсов“ во населбата Баби во Штип. Во ова училиште 35 првачиња за првпат седнуваат во училишните клупи, а учениците од повисоките одделенија подготвија соодветна програма за пречек на првоодделниците.

-ООУ „Славејко Арсов“ утринава ја отвора вратата за нашите вредни мали првачиња, нашите ученици со кои сите заедно, сплотени како едно, иднина со знаење ќе градиме вредно. Вратата на иднината се отвора со моќта на знаењето, а затоа во училиштето наши мали првачиња, ве чекаат вредни наставници со кои ќе зачекорите по првите скали на убавите сказни, мудрости и приказни разни, рече Ристе Трајковски директор на ООУ „Славејко Арсов“.

Првачињата ги поздрави и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој беше дел од оваа пригодна маниифестација. Тој им посака многу радосни моменти, многу знаење, и успешно започнување на нивниот образоваен процес.

-Ова е навистина ден за паметење, кој е значаен за сите нас затоа што е нов почеток и верувам дека ќе го паметиме до крајот на нашиот живот. Нов почеток, за нови успеси, за нови знаења, за нов развој на нашиот град и за развој на населбата Баби. Ви посакувам драги првачиња деновите да ви бидат исполнети со радост и многу знаење, вели Јорданов.

И оваа година во ООУ „Славејко Арсов“ Штип бројот на првачиња е намален идентично како и во сите останати основни училишта во Штип. Инаку во петте штипски основни училишта над 360 ученици го започнуваат своето образование во прво одделение.

Најнови вести од: Македонија

Јавните претпријатија со милионски загуби, како да се надмине проблемот?!

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, на првите три места со најголеми загуби во земјава лани биле три скопски јавни претпријатија: „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и „Комунална хигиена“. Само скопски „Водовод“ имал загуба од 4,2 милиони евра, „Улици и патишта“ од 2,6, а „Комунална хигиена“ од 1,2 милиони евра.

Милошоски: Нема мигранти, туку „партиски мигранти“ – бегалци од СДСМ, кој манипулира со темава, за да ги прикрие внатрешните проблеми!

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 дека не постои никаков документ, барање, или тема, наметната од Велика Британија во врска со мигранти и оти би било целосно одбиено такво барање, ако постои. „Јавноста може да биде спокојна. Ниту постои барање, ниту ќе се прифати било какво барање за мигранти. Темата е политичка манипулација на СДСМ, за да ја покрие внатрешната слабост и празнина: нема кадар, нема идеи, нема луѓе за расправи.“ – нагласи Милошоски.

Скопје треба да добие нов саем и жичница од болницата во Козле до Средно Водно

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија.

To top