Македонија

Во Швајцарија се случува битка за една од најбогатите црковни општини на МПЦ-ОА

Припадниците на група тврдат дека имаат поддршка од владиката на Европската Епархија Пимен

Во македонската заедница во Швајцарија се случува битка за една најбогатите црковни општини на МПЦ-ОА, брифираат претставници на други македонски цркви во Швајцарија и Германија кои го следат случајот.

Припадници на група која тврди дека има поддршка од владиката на Европската Епархија Пимен најавува дека се подготвува да ја преземе контролата на црквата во местото Тичино во градот Луцерн.

Оваа група смета дека треба да дојде до промена на раководството на црковната општина затоа што биле потребни промени шест години по формирањето.

Групата не кажува детали зошто е потребно да се менуваат луѓето за кои досега нема забелешка за работењето и кои се почитувани од македонската заедница во Швајцарија и пошироко.

Членови на актуелното раководство на македонската црковна општина не сакаат да коментираат за случајот и намерата за преземање на црковната општина од ривалска група македонски верници.

Од таму за expres.mk на кратко велат дека ,,Господ е голем” и дека се сигурни дека поглаварот на МПЦ-ОА Г.г. Стефан нема да дозволи никаква манипулација, самоволие или насилство со верски структури на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од страна на поединци и групи.

Црквата на МПЦ-ОА за која се најавуваат тензии е Пресвета Богородица се наоѓа во местото Тичино во градот Локарно, Швајцарија.

Оваа македонска црква е една од најбогатите во Европската Епархија и на својата сметка има стотици илјади евра собрани од македонските верници.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top