Македонија

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот закон

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Ако биде постигната согласност во Парламентот за Изборниот закон, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за Македонија во контекст на реформските процеси.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што наведуваат оттаму, да прифатат и една изборна единица. Левица во меѓувреме побарала државното финансирање за изборно рекламирање за партии со пратенички групи да биде 10 отсто и одлучувањето во ДИК да биде консензуално, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо.

Во измените и дополнувањата на Изборниот законик што се во собраниска процедура и за коишто сега се поднесени околу 13.500 амандмани од СДСМ и Левица, најспорен беше предлогот за електронско гласање на дијаспората. СДСМ веднаш го одби овој предлог, додека за Левица беше прифатлив за сметка на зголемување на процентот за платено политичко рекламирање за избори.

Учесниците во работната група за Изборниот законик за буџетското финансирање на партиите за избори го прифатиле предлогот на ДУИ и Левица соодносот на бројот на пратеници да биде објективен критериум за користење на 97% од овие средства, а 3% да бидат на располагање на партиите кои немаат пратеници во Собранието. Согласно тоа 42 % би оделе за двете најголеми партии од власта, 42 % за двете најголеми партии од опозицијата, 8 % за партии со пратенички групи, 5 % за партии без пратенички групи и 3 % за вонпарламентарни партии и групи избирачи.

Доколку во Парламентот биде постигната согласност за Изборниот законик, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за нашата земја во контекст на реформските процеси. Во среда на седница на Уставниот суд е иницијативата на Левица и Демократи за политичкото рекламирање.


Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top