Повод за состанокот во кабинетот на претседателката Илијана Јотова на „Дондуков“ 2 е подготовката и претстојното гласање во јуни во Европскиот парламент за годишниот извештај за напредокот на патот на Република Македонија кон Европската Унија.
Претседателката Илијана Јотова на состанокот кој се оценува како критичен повикала на „активно застапување на сите нивоа на бугарската позиција за Северна Македонија“.
На состанокот на бугарската претседателка со бугарските европратеници, тие ѝ се пожалиле дека „не ја чувствуваат потребната поддршка од државата во одбраната на бугарската национална позиција, а исто така ја земаат предвид и пасивноста од страна на некои институции“.
Повод за средбата „Дондуков“ 2 е подготовката и претстојното гласање во јуни во Европскиот парламент за годишниот извештај за напредокот на Република Македонија за патот на Европската Унија, подготвен од Томас Вајц.
На средбата се разговарало за обидите на Македонија да ги замени елементите во усвоената преговарачка рамка што се спротивни на европскиот консензус од 2022 година.
Исто така, било разговарано за опасноста од промена на методот на гласање при прием на нова земја во Европската Унија со квалификувано, а не со целосно мнозинство.
Учесниците на денешниот состанок се категорични дека Бугарија, со самодоверба на полноправна членка на Европската Унија, мора да ја брани својата силна позиција и да инсистира на имплементација од страна на Скопјe на францускиот предлог од 2022 година, кој стана и паневропска позиција за пристапување на Република Македонија во ЕУ.
,,За да започне преговори, Македонија мора да ги исполни своите обврски со вклучување на Бугарите во својот Устав. Бугарија и Македонија немаат билатерален проблем, нашиот западен сосед мора да ги исполни европските критериуми за членство, од кои главен е заштитата на човековите права“, соопшти претседателскиот кабинет.
На состанокот било потсетено и на случајот со минатогодишниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Македонија. Претседателката Јотова и европратениците ја истакнале „потребата Бугарија да ја зајакне својата меѓународна активност за да ја брани својата позиција“.