Македонија

Во тетовската касарна одбележана 82-годишнината од загинувањето на Кузман Јосифоски-Питу

Воена свеченост на припадниците на Третиот пешадиски баталјон

Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово денеска со воена свеченост припадниците на Третиот пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада и останатите единици ја одбележале 82-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу.

– На одбележувањето, свежо цвеќе положија делегации од Командата и штабот на Првата пешадиска бригада, како и Третиот пешадиски баталјон,  претставници од верските заедници, претставници на локалната самоуправа, владини и невладини организации, претставници од државниот и приватниот сектор со кои командата на гарнизонот Тетово остварува одлична соработка, соопштија од Армијата.

Според информацијата од Армијата, претходно, во касарната била спроведена крводарителска акција од страна на вработените во гарнизонот Тетово, при што се дарувани 32 единици крв.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top