Македонија Спорт

Волкановски стана почесен граѓанин на родниот Волонгонг

Светскиот УФЦ-шампион од Австралија со македонско потекло Александар „Велики“ Волкановски на свеченост ги доби клучевите на Волонгонг, станувајќи почесен граѓанин на градот од Нов Јужен Велс во кој е роден на 29 септември 1988 година. „Ние сме нација што го сака спортот, а елитните спортисти кои се искачуваат до врвот имаат многу голема и влијателна […]

Светскиот УФЦ-шампион од Австралија со македонско потекло Александар „Велики“ Волкановски на свеченост ги доби клучевите на Волонгонг, станувајќи почесен граѓанин на градот од Нов Јужен Велс во кој е роден на 29 септември 1988 година.

„Ние сме нација што го сака спортот, а елитните спортисти кои се искачуваат до врвот имаат многу голема и влијателна платформа“, рече градоначалничката Тања Браун. „Тоа што Алекс толку често користи свои начини за да го промовира нашиот прекрасен град на глобалната сцена и за да им помогне на нашите добротворни и општински организации блиску до нас, покажува колку е горд од местото од кое доаѓа. Мислам дека целата наша заедница во Волонгонг, особено нашите млади луѓе, можат да погледнат што направил Алекс како спортист и амбасадор на нашиот град и да почувствуваат дека нивните соништа и аспирации се малку подостапни. Чест ми е да му ги доделам клучевите на градот и да го додадам неговото име на списокот на неверојатни граѓани на Волонгонг кои оставиле толку длабоко влијание врз животот и историјата на нашиот град“.

Со ова општествено признание, 36-годишниот најстар ултимејтфајтер што си го вратил шампионскиот појас во перолесна категорија им се придружи на великаните од Волонгонг што станаа негови почесни граѓани: олимписката шампионка во пливање Ема Меккеон, легендата на мотоспортот Вејн Гарднер и молекуларниот биолог Џастин Јербери.

Клучевите на Волонгонг за синот на Тоде Волкановски, родум од битолско Беранци, се уште една причина за гордост на македонската заедница во Австралија.

Во 2021 година населението на градот Волонгонг со македонско потекло броело 6.989 луѓе или 3,3 проценти од вкупното население на градот Волонгонг. Дополнително, во Волонгонг имало 4.279 лица родени во Македонија, што претставува 1,6 отсто од населението на градот.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top