Македонија

ВРЕДИ: „Безбеден град“ е закон за живот, а не за казни

Коалицијата ги повикува пратениците да гледаат на овој закон надвор од дневната политика и да гласаат во интерес на граѓаните

Коалицијата ВРЕДИ со јавна поддршка за „Безбеден град“ пред денешното разгледување на собраниска седница на системот за набљудување и регистрирање прекршоци во сообраќајот.

„Системот ‘Безбеден град’ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред во сообраќајот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме за камери или казни, туку за животите на луѓето. За побезбедни патишта, каде што никој нема да го изгуби својот татко, син или сестра поради туѓа неодговорност.

За ВРЕДИ, човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки или дневни интереси. Затоа, законот за спроведување на системот „Безбеден град“ сега влегува во собраниска процедура, како неопходен чекор кон зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на граѓаните.

Во исто време, сакаме јасно да нагласиме дека секој акт што ќе го издаде Министерството за внатрешни работи, без оглед на начинот на поднесување, ќе биде подготвен и доставен на јазикот утврден со Законот и Уставот, гарантирајќи целосно почитување на јазичните права на граѓаните, вклучително и на албанскиот јазик.

ВРЕДИ ги повикува народните пратеници да го видат овој закон надвор од дневната политика и да гласаат за граѓаните, за нивната безбедност и за животот, бидејќи безбедните патишта се заедничка одговорност и општ општествен интерес.

ВРЕДИ е за заштитен живот, ред на патиштата и функционална држава“, се вели во соопштението на коалицијата што е дел од владиното мнозинство.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

Galaxy A57 5G и A37 5G имаат елегантен дизајн, моќна камера и надградена Awesome Intelligence вештачка интелигенција за да им дадат самодоверба на корисниците во секојдневната употреба

To top