Македонија

ВРЕДИ: ДУИ чека милост од Села и Таравари

Освен двајца или тројца, сè друго се имиња и ликови од други партии, велат од Коалицијата ВРЕДИ

 

„Албанците ја гледаат немоќта на ДУИ. Таа партија повеќе нема свој идентитет. ДУИ речиси и да нема свои кандидати. Освен двајца или тројца, сè друго се туѓи имиња, туѓи ликови, туѓи проекти, од други партии“, велат од коалицијата ВРЕДИ.

Во каква ситуација е ДУИ да оди на избори без свои луѓе, велат од ВРЕДИ и додаваат:

„Да беше силна, ќе се соочеше на изборите со свој печат и понуда. Да имаше добри луѓе, ќе ги номинираше.

Но, ДУИ го нема ниту едното ниту другото. Затоа секој ден гледаме незадоволство, оставки и отпор во нивните општински ограноци. Членството е предадено.

Наместо да бидат дел од решенијата, тие се оставени да се надеваат на милоста на Села и Таравари, истите оние кои до вчера беа најострите критичари на ДУИ, а денес (од ДУИ) мислат дека се нивни спасители“, велат од ВРЕДИ. Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top