Македонија

ВРЕДИ: Ја затворивме депонијата, граѓаните ќе му стават крај и на политичкиот отпад на ДУИ

ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб

Затворена е дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владеењето на ДУИ, која со години го труела воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново, објави утрово Коалицијата ВРЕДИ.

Според нив, оваа одлука била овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои проблемот занемарен од ДУИ го ставиле како државен приоритет.

„ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб. Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосили на ДУИ“, порачуваат од ВЛЕН.

Тие истакнуваат дека Липково, Арачиново и секоја албанска општина повеќе нема да бидат гробишта од ѓубре, ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство.

 

Најнови вести од: Македонија

250.000 евра грант од Шпанија за изградба на зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

Грант од 250.000 евра ќе биде почетната финансиска поддршка за подготовка на нов инфраструктурен проект на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Средствата ги обезбедува Шпанија преку Шпанската сметка за социјална кохезија, со која управува Развојната банка на Советот на Европа – ЦЕБ.

To top